2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа банкнотите од 500 евра им дојде крајот

На банкнотите од 500 евра им дојде крајот

Германските и австриските централни банки банкнотите од 500 евра ќе ги издаваат во оптек само до петок оваа година (26 април).

Ова не ја зголеми побарувачката на банките за банкноти од овој износ. Останатите 17 централни банки на земјите во еврозоната ретко ги виделе овие банкноти, тие престанаа да ги издаваат уште од крајот на јануари.

“Централните банки во Германија и Австрија до сега издале во оптек најмногу банкноти од 500 евра. Затоа се одлучило тие последни да престанат да издаваат, бидејќи е голем логистички потфат сите банкноти од 500 евра да се заменат со 100 евра, “рече претседателот на германската централна банка Јоханес Берман за дневниот весник “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.

Во пракса, обичните граѓани на земјите од еврозоната речиси никогаш не се среќаваат со оваа егзотична банкнота. На банкомати не може да се добие, а оној кој ја поседува во паричникот, честопати има проблеми да плати, бидејќи многу продавници, како и најголем дел од бензинските пумпи, одбиваат да ја примат оваа банкнота.

Советот на Централните европски банки уште од 2016 година одлучи дека во новата серија на банкноти со засилени безбедносни обележја повеќе нема да бидат оние од 500 евра. Откажувањето на овие банкноти е одговор за борбата против тероризмот и работата на црно.

“Недостасуваат емпириски докази дека преку мерки како што се отфрлање на големи парични банкноти, навистина го намалува бројот на кривични дела поврзани со затајување на даноци или слични деликти”, објави германската централна банка.

Според сознанијата на овој монетарен институт, во црната економија употребата на готовина е се помала.

Во моментов во оптек има 509 милиони банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП