21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата бидејќи, како што оцени, и натаму постои загриженост дека земјата би можела да ја напушти ЕУ без договор.

Тој рече дека брегзитот создава неизвезност, а и натаму постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор.

Во интервју за германскиот весник „Функе Медиангруп“, Јункер појасни дека одложувањето на брегзитот до 30 октомври не нуди премногу јасност, па Велика Британија треба паметно да го искористи тој период за да го прифати договорот во текот на договореното време.

Договорот за брегзит, кој го постигнаа британската премиерка Тереза Меј и ЕУ, три пати не помина на гласање во британскиот Парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП