20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали но значајни трикови за ефикасен тренинг!

Мали но значајни трикови за ефикасен тренинг!

Самиот тренингот, колку и да вежбате напорно, не е доволен за саканите резултати… 

Пролета е времето во кое најчесто го вртиме тој одлучувачки лист на кој се забележани сите промени кон кои се стремиме. Сигурно веќе на сите им е добро познат фактот дека за убавата фигура е потребна правилна исхрана, но за да во целост го обликувате вашето тело физичката активност е неизбежна!

Мораме да признаеме како понекогаш не можеме да одлучиме дали ни е потешко да се придржуваме до квалитетна исхрана или до редовни тренинзи, но и покрај тоа што вашиот распоред е преполн со разновидни обврски, тоа не е никаков изговор за прескокнување на тренингот. За да од вашиот тренинг го извлечете најдоброто, не е на одмет да знаете неколку трикови за тој да биде поефикасен, а резултатите уште подобри.

Хидратација е нешто што често го тргаме од умот кога зборуваме за слабеење и ефикасно тренирање, но таа е доста неопходна за да не го доведеме своето тело до дехидрација.

За време на тренингот потребно е да се напиете минимум 4dcl вода во текот на еден час, а ако вашиот тренинг трае повеќе од час, водата може да ја замените со некоја форма на спортски пијалок, само водете сметка да не содржи шеќер.

Исто така, по тренингот, наградете го вашето тело со пијалок кој содржи идеално количество на јаглехидрати и протеини за да ги релаксирате вашите мускули. Понатаму, исхрана пред самиот тренинг е исто така важна, па се препорачува да се конзумира храна 2 часа пред тренинг и тоа лесни протеини и сложени јаглени хидрати, кои ќе обезбедат споро ослободување на енергија во текот на тренингот.

Сепак, многу е важно пред својот тренинг да сте одморени. Измореноста доведува до тоа да не се концентрирате на самиот тренинг, што често се рефлектира и на неправилно извршување на вежбите. Ваквиот однос најчесто е причина за бројни повреди. Затоа, водете сметка дека сте целосно посветени на вашиот тренинг. Добар ”workout buddy” е одлична идеја ако ви недостасува дисциплина и мотивација за да вашиот тренинг навистина го претворите во здрава навика, па не е на одмет да пронајдете добар партнер со кој ќе ги остварите сите свои фитнес цели!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП