29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix забележа најголем пораст на претплатници откако постои

Netflix забележа најголем пораст на претплатници откако постои

Netflix пријавил најголемо зголемување на бројот на претплатници откако е лансиран пред 12 години, наведувајќи дека нивната заработувачка надминала за повеќе од 9,6 милиони долари во првиот квартал на оваа година, пренесува Sky News.

Кога зборуваме за првите четири месеци од 2019 година околу 1,74 милиони луѓе се регистрирале на Netflix во САД, додека 7,86 милиони корисници се пријавиле низ целиот свет и овие резултати значително ги надминаа проценките на аналитичарите.

Овој видео стиминг сервис издал соопштение во кое се наведува дека добивките се поголеми од очекуваните, а моменталниот број на регистрирани корисници го надминува износот од 149 милиони.

Меѓутоа, се предвидува дека овој позитивен тренд полека ќе ослабне бидејќи од Netflix се очекува во следниот финансиски квартал, кој ќе заврши во јуни, да биде во плус дополнителни пет милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП