18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

Во новата програма на BBC “Климатски промени – факти”, познатиот британски водител и љубител на природата Дејвид Атенборо, говори за размерите на кризата со која се соочува нашата планета, но истакнува дека и понатаму постои надеж за спас на Земјата ако во наредните децении се превземат драматични акции за ограничување на негативните ефекти.

Атенбор изјави дека се соочуваме со неповратна штета на природниот свет и колапсот на нашите друштва, но надежда и понатаму постои, а документарната програма на која работи, дава научна клучна улога во климатските промени и чекори што можат да се преземат во борбата против нив.

“Во 20-та година од кога првпат почнав да зборувам за влијанието на климатските промени во нашиот свет, условите се менуваа многу побрзо отколку што некогаш сум замислувал,” изјавил во филмот.

Тој додава дека може да звучи страшно, но истакнува дека научните докази покажуваат дека ако не преземеме “драматични акции” во следната деценија можеме да се соочиме со неповратната штета за природниот свет и колапсот на нашите друштва. Во новата програма на BBC зборува за големиот број на научници кои наведуваат дека температурата на воздухот брзо расте и дека сега светот е околу еден степен потопол од пред индустриската револуција.

“Постојат качувања и падови и постојат неколку години кои не се толку топли како другите”, изјави д-р Петар Стат од Метеоролошката служба во Велика Британија.

Сепак, додаде, дека се гледа постојан тренд на раст на температурата, при што се забележани 20 најтопли години во последниве 22 години. И некои други негативни влијанија се неповратни, нагласуваат научниците.

“Во изминативе години имавме глобална проценка на загубите на ледот на Антарктикот и Гренланд и тоа ни говори дека работите се многу полоши отколку што очекувавме”, истакна професорот Андре Шпепер од Универзитетот во Лидс.

Како што наведува, Гренландската ледена плоча се топи, изгубила четири трилиони тони и денес губи пет пати повеќе лед отколку што тоа било пред 25 години, а тие загуби според неговите оцени го подигнале нивото на морето низ светот. Загриженоста на господинот Атенбор поради влијанието на климатските промени била тема и во неговата серија “Planet” на Нетфликс, а на неговата нова програма на BBC најави дека сепак има надеж.

Дејвид Атенборо, тврди дека ако во наредната деценија се преземе драматична акција, светот може да го задржи растот на температурата во овој век на еден ипол степен целзиусов.

“Верувам дека ако подобро ја разбереме заканата со која се соочуваме, поголема е веројатноста дека можеме да избегнеме катастрофална иднина”.

Нагласувајќи ја улогата на младите генерации луѓе кои се длабоко загрижени за она што се случува на планетата.

Во тој контекст се споменува шведската тинејџерка Грета Тунберг, која објаснува дека работите можат да се променат брзо, во споредба со предизвиците што се поставуваат за да се запрат последиците од климатските промени.

Првиот ден стоеше сама, зборувајќи за својата одлука да излезе на штрајк и да седи пред шведскиот парламент за да ја истакне состојбата на климатските кризи.

“Но другиот ден, луѓето почнаа да ми се придружуваат… не би можела да замислам ни во најлудите соништа дека тоа може брзо да се случи” изјавила тинејџерка и активистка во борбата против климатските промени, и на крајот порачала : “Доаѓа до промени без разлика дали ви се допаѓало тоа или не”, пренесува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП