28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република...

Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи ја и поддршката за реформите кои ќе обезбедат унапредување на условите за развој на граѓанското општество.

Во оваа насока, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на РСМ потпишаа Меморандум за соработка во кој се воспоставуваат основите за транспарентен и доверлив модел на системот на државно финансирање на граѓанските организации, што воедно е и стратегиска цел на Владата утврдена во Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

Во рамките на оваа соработка, Фондацијата Отворено Општество – Македонија ќе го поддржи, ќе учествува и ќе го координира процесот на подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на РСМ во 2017, 2018 и 2019 година со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји од Западен Балкан и ЕУ.

Имајќи ја предвид заложбата за унапредување на условите за развој на граѓанското општество во Република Северна Македонија, во изработената анализа ќе биде даден предлог со опции на модели за воспоставување единствен фонд за институционален развој на граѓанските организации и за кофинансирање на ЕУ проекти во Република Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП