3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел го поддржа „фондот на солидарноста“

Меркел го поддржа „фондот на солидарноста“

merkel3

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе го поддржи основањето на „фондот на солидарноста“ за членките на еврозоната кои се погодени од кризата.

Меѓутоа, таа не објасни како ќе изгледа тоа тело, но истакна дека на Европа не и е потребен уште еден фонд, туку структурни реформи, пренесува Франс Прес.

Според нејзините зборови, ЕУ мора да продолжи да инвестира во образованието и истражувањата со цел да остане конкурентна на глобално ниво, додека приоритет за земјите од еврозоната е да се договорат околу „содржината и суштината“ на заедничкото финансиско и економско управување.

„Со оглед на овој контекст, можам да го замислам механизмот на солидарноста, кој е во облик на фонд за членките не еврозоната“, изјави Меркел пред германскиот парламент.

Таа, сепак, нагласи дека Германија, како најголема европска економија, не сака да дели пари, туку да се осигура дека целиот блок ќе биде економски конкурентен.

„Кога Европа говори за механизмот на солидарноста, тоа веднаш се проширува и привлекува внимание, а на крајот повеќе никој не говори за параметрите за дополнителна конкурентност, туку само за новиот извор на финансирање – а тоа Германија не го поддржува“, изјави Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП