26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Швајцарецот" останува број еден во светот

“Швајцарецот” останува број еден во светот

Швајцарскиот производител на часовници “Rolex” веќе четврта година по ред е именуван за најреномирана компанија во светот.

Оваа прознание се доделува од 1997 година, а листата на 100 најпочитувани компании ја составува “Reputation Institute” од Бостон, водечки снабдувач на услуги за мерење и контрола на репутација.

Оваа година “Rolex” ги остави позади себе познатите компании како LEGO, Disney, Adidas, Microsoft, Sony, Canon, Michelin, Netflix и Bosh.

За да се постигнат овие резултати, истражувачите од “Reputation Institute” од Бостон анкетирале повеќе од 230.000 лица во 15 земји ширум светот. Компаниите кои се анализираат за да се приклучат на листата најчесто имаат приходи од над 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и препознавање на брендот на најмалку 40 проценти од општата популација.

Во историјата долга повеќе од 100 години, “Rolex” континуирано работеше на трајни подобрувања, како и на инвестиции во иновациите на сите нивоа.

Токму, посветеноста на аспирацијата за извонредност и желбата да се придонесе за општеството,  Rolex го стави на самиот врв на најпочитуваните светски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП