1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска умерено облачно, ќе дува умерен до засилен ветер

Времето денеска умерено облачно, ќе дува умерен до засилен ветер

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Викендов ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП