21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСезонските работници ја подобрија статистиката

Сезонските работници ја подобрија статистиката

sezonski1

Сезонските работи допринесоа за намалување на стапката на невработеност во Германија на 6,6 проценти во јуни, од 6,8 проценти кои беа забележани минатиот месец.

Федералната агенција за труд соопшти дека овој месец биле регистрирани 2,865 милиони невработени. Што е за 72,000 помалку од забележаните во мај.

Кога ќе се земе во предвид факторот на сезонски вработувања, бројот на невработени е помал за 12.000, но стапката сеуште изнесува 6,8 проценти.

Најголемата европска економија успеа да одржи низок степен на невработеност во споредба со многу други земји членки на ЕУ кои како валута го користат еврото.

Во Шпанија и Грција стапката на невработеност изнесува повеќе од 25 проценти од жителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП