13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска тоне подлабоко во рецесија

Ирска тоне подлабоко во рецесија

irska1

Економијата на Ирска повторно падна во рецесија во втората половина од минатата година и продолжи да тоне во првиот квартал од 2013 година, покажуваат официјалните податоци во Даблин.

Ирскиот бруто домашен производ во третиот и четвртиот квартал од 2012 година се намали за 0,1 процент, односно 0,2 проценти, со што Ирска официјално влезе во рецесијата, која се дефинира како два последователни квартали со негативен економски раст, наведува Заводот за статистика во Даблин.

Заводот додава дека во првиот квартал од оваа година е евидентиран негативен економски раст од 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП