19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg ја продаде компанијата E.C.Dahls

Carlsberg ја продаде компанијата E.C.Dahls

Данскиот Carlsberg, третата најголема пиварница во светот, ја продаде фирмата E.C.Dahls во норвешки Трондхем за 75 милиони и 900 илјади евра на конзорциум на норвешки компании.

– Продажбата е во согласност со проценката на Carlsberg групата за намалување на трошоците на несуштинските имоти и средства и создавање предуслов за раст на основниот бизнис, се вели во соопштението од Carlsberg по повод продажбата во Трондхем, каде што данската пиварница ќе ја задржи пивницата E.C.Dahlsa, а самата фабрика според најавеното ќе продолжи со производство на сегашниот асортиман на крафт пиво со нов сопственик.

Според споменатото образложение, Carlsberg се повлекува од норвешкото производство на крафт пиво за да ја зајакне својата позиција во пласман на “традиционалното” пиво. Новите сопственици на E.C.Dahls се NorgesGruppen, Kjeldsberg и Heimdal Gruppen.

Извршниот директор на Carlsberg, Хајне Далсгард истакнува дека компанијата постојано пристапува кон новите вреднувања на своите средства со цел да се намалат трошоците и дополнително да се дисциплинира текот на парите во групата.

Објаснувајќи ја одлуката да се задржи споменатиот паб во Трондхем, Далсгард навел дека покрај за бизнискако ја зачувале и поради културни причини бидејки е еден од симболите на тој град и дополнително ќе се подобри како место за собирање на домашни и странски туристи.

Продажбата на E.C.Dahls следела по објавувањето на големите инвестиции на Carlsberg во Франција и Кина. Во Франција, данскиот гигант ќе инвестира 100 милиони евра во пиварата Kroneneburg во Обернаиу, додека пенетрацијата на кинескиот пазар започнала со инвестирање во Jing-A пиварата во износ кој Carlsberg и партнерите не го споделиле со јавноста.

Минатата година Carlsberg заврши со вкупен приход од осум милијарди евра и профит од 717 милиони евра. Споредено со 2017 година растот на приходите изнесувал 6,5%, а профитот е зголемен за девет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП