8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванка Трамп одби работа во Светска банка

Иванка Трамп одби работа во Светска банка

Иванка Трамп, висока советничка на нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, ја одбила работата во Светска банка бидејќи била задоволна од сегашната улога која ја има во администрацијата.

Доналд Трамп неодамна изјави за магазинот Atlantic дека на својата ќерка и понудил работа во Светската банка бидејќи како што изјавил, “добра е со бројките”, пренесува AP.

Иванка била ангажирана во процесот на изборот на кандидат за претседател на Светската банка, за кого е избран Дејвид Малпас, и го оцени дека тој ќе “направи добра работа”.

Запрашана дали има намера да се кандидира за претседател на САД, Иванка изјавила дека во иднина не се гледа себеси на таа позиција.

Во моментов се наоѓа во Африка за да ја промовира иницијативата за глобален развој и просперитет на жените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП