8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank дели 6.000 откази

Commerzbank дели 6.000 откази

comm1

Втората по големина германска банка „Commerzbank“, наредниот месец веројатно ќе предложи укинување на 6.000 работни места, со што ќе отпушти околу 18 проценти од вработените, пренесува „The ​​Wall Street Journal“.

„WSJ“ во четвртокот пренесе наводи од повеќе извори дека банката ќе отпушти помеѓу пет и шест илјади вработени. Од „Commerzbank“ не сакаа да ја коментираат таа бројка.

Предлогот на отпуштања, најверојатно, ќе биде презентиран во разговорот со синдикатите, кои ќе започнат следниот месец.

Гласините за големиот број на откази се појавија во ноември, пред банката да ја најави програмата за намалувања на трошоците и фокусот на клучните и профитабилните сектори.

Извршниот директор Мартин Блесинг, изјави дека намалувањата на трошоците за работната сила се неизбежни, но не сакаше да ја наведе бројката на планираните откази.

„Commerzbank“ во третиот квартал од минатата година, повторно работеше во плус, забележувајќи нето добивка од 78 милиони евра. Во истиот период претходната година, банката забележа загуба од 687 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП