20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзгласана забраната за различниот квалитет на производите во ЕУ

Изгласана забраната за различниот квалитет на производите во ЕУ

Европскиот парламент денес ја изгласа забраната за различниот квалитет на производите во Европската унија.
Со тоа се “става крај” на двојните стандарди кои се применуваат од страна на прехранбените компании за продажба на производи со различен квалитет под ист бренд во источниот и западниот дел на ЕУ.

Со оваа одлука се воведуваат нови правила за транспарентноста на интернет оценувањето и рецензија, се појаснува начинот на справување со двојниот квалитетот на производите, а казната може да биде до четири проценти од годишниот промет на трговецот, изјавија од Европскиот парламент.

Директивата која била одобрена од парламентот со 474 гласови “за”, 163 “против” и 14 “воздржани”, сега ќе се достави за одобрување до Советот на министри на ЕУ.

Земјите членки ќе имаат на располагање 24 месеци од денот на влегувањето во сила на оваа директива, да ја пренесат во националните законодавства.

Новиот закон кој веќе е договорен од страна на министрите на ЕУ, ќе се ажурираат правата на потрошувачите, со кои ќе се гарантира дека корисниците ќе имаат повеќе информации за тоа како функционира системот за оцена на производите на интернет и дали на нив има влијание платеното рекламирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП