1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија е европска кралица на чоколадо

Германија е европска кралица на чоколадо

Европската унија во 2017 година произвела околу 4 милиони тони чоколади во вредност од 18,3 милијарди евра, наведува Eurostat. Гледано по земји членки, најмногу чоколади произвела Германија, дури 1,3 милиони тони, што претставува 32% од вкупното производство на чоколадо во ЕУ.

На второ место е Италија со производство од 0,7 милиони тони или 18% од вкупното производство на чоколадо во ЕУ, по што следат Франција и Холандија со 0,4 милиони тони или девет проценти од вкупното производство.

Потоа доаѓа Велика Британија со 0,3% милиони тони или седум проценти од вкупното производство и Белгија со 0,3% милиони тони или шест проценти учество.

Полска со производство од 0,2 милиони тони има шест проценти учество во вкупното производство на чоколадо, по што следи Шпанија со 0,1 милион тони и четири проценти во вкупното производство.

Овие осум земји од ЕУ произвеле над 90% од вкупното производство на чоколадо во ЕУ во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП