1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ова е вистинската причина за пожарот во Нотр Дам?

Дали ова е вистинската причина за пожарот во Нотр Дам?

Француските истражувачи размислуваат за можноста дека пожарот во катедралата Нотр Дам е предизвикан од краток спој во струјното коло.

-Можеби се случил краток спој. Истражувачите го покренаа прашањето за механизмот за подигање што се користел во реконструкцијата, изјави еден неименуван извор.

Претходно, градежната компанија “Europe Echafaudage”, која била ангажирана за реставрацијата на катедралата, соопштила дека ги почитувала сите безбедносни регулативи и протоколи.

Француските детективи кои во вторникот го истражуваа пожарот на Нотр Дам, ги испитувале работниците кои ја обновувале прекрасната готска катедрала и кои заминале од таму неколку минути пред да избувне пожарот.

Пламенот кој “проголта” поголем дел од покривот најверојатно започнал случајно, изјави Реми Хајц, париски обвинител, можеби како резултат на реставрацијата на горниот дел на катедралата.

“Ништо не укажува дека е во прашање намерно дело” , изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП