13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската унија воведува царини на американската стока во вредност од 20 милијарди,...

Европската унија воведува царини на американската стока во вредност од 20 милијарди, еве што е причината!

Конфликтот за “Boing” и “Airbus” кулминираше, па Европската унија одлучила да воведе царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари.

Како што пренесуваат странските медиуми, меѓу производите на кои се воведува царини ќе бидат прехранбените производи како што се кафето, чоколадото, разни видови на јаткасти плодови, замрзната риба, морски плодови, цитрус, кечап, тутун, алкохолни пијалоци…

Меѓу стоките што ќе бидат погодени од новите царини се автомобили, трактори, авиони, хеликоптери, облека и видео игри.

Европската комисија ја објави својата листа на американски производи со вкупна вредност од 20 милијарди долари за кои Европската унија потенцијално би можеле да воведе тарифи.

Колку за потсетување Вашингтон и Брисел се во спор пред Светската трговска организација (СТО) поради финансиската помош што им ја давале на своите производители на авиони.

По официјалното соопштение, Канцеларијата за трговски претставници на САД (USTR) објавила прелиминарна листа на производи на ЕУ кои би можеле да се соочат со дополнителни царини поради субвенциите на ЕУ за “Airbus”. Како одговор на ова, “Airbus” изјави дека најновиот извештај на Светската трговска организација ќе овозможи на блокот да разгледа за “уште поголеми контра мерки”.

Да се потсетиме, трговската војна меѓу САД и Европската унија започна минатата година кога американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за воведување на повисоки царини за увоз на челик и алуминиум. ЕУ тогаш одговори со царина на бројни американски стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП