16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа страната на Amazon се зголемила продажбата на романот од Виктор Иго...

На страната на Amazon се зголемила продажбата на романот од Виктор Иго после пожарот во Нотр Дам

Светскиот гигант за продажба преку интернет Amazon, денеска објави дека се зголемила продажбата на романот na францускиот писател Виктор Иго “Звонарот на Богородичната црква” во оригиналната верзија на француски јазик, после пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз. Amazon додаде дека и англиската верзија на романот од 1831 година се зголемила, објави агенцијата AP.

Приказната е за физички деформираниот звонар Квазимодо во катедралата, кој тогаш помогнал да се реновира црквата во центарот на Париз.

Нотр Дам, средновековна катедрала во готски стил е една од најпознатите во Западна Европа. Запишана е во списокот на светското наследство на Организацијата за образование, култура и наука (UNESCO) и секоја година е посетувана од речиси 14 милиони туристи и католички верници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП