13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот бруто домашен производ во првиот квартал пораснал за 6,4%

Кинескиот бруто домашен производ во првиот квартал пораснал за 6,4%

Кинеската економија во првото тримесечје задржала стабилно темпо на раст и покрај слабата глобална побарувачка, американско- кинеската трговска војна и борбата со долговите, покажаa податоците од статистичкото биро.

Втората светска економија во првото тримесечје порасналa за 6,4%, и во споредба со истиот период минатата година е за нијанса подобра кога изнесувала 6,3%.

Повеќето земји можат само да сонуваат за таква динамика на раст која во случајот на Кина доведува до заклучок дека економијата се стабилизирала по забавувањето во минатата година.

-Економијата оствари стабилен раст во контекст на сите изразени фактори, силните пазарни очекувања и подобрената доверба, изјави портпаролот на кинеското статистичко биро Мао Шенгјанг.

Владата во Пекинг минатиот месец објавила серија мерки со кои планира да ја поддржи економијата, вклучувајќи значително намалување на даноците, намалување на надоместоците и финансиска поддршка.

Премиерот Ли Кечианг, во март објави пониска проектирана стапка на раст на БДП за оваа година која ќе се движи од 6 до 6,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП