30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталија отвори истрага против Amazon

Италија отвори истрага против Amazon

Италијанскиот трговски регулатор денес соопшти дека започнал истрага против Amazon за можна злоупотреба на доминантната позиција во интернет трговијата и логистичките услуги.

Имено, осомничен е, дека американскиот гигант за електронска трговија одобрил на пет компании преференцијален третман на својата платформа под услов тие да се претплатат на нивните логистички услуги, соопштија италијанските регулатори, пренесува Reuters.

“Ваквите практики ќе му овозможат на Amazon неправедно искористување на својата доминантна позиција во сегментот на платформата за интернет трговијата со цел значително да ја ограничи конкуренцијата”, изјавија регулаторите.

Таквите постапки на крајот ќе им наштетат на потрошувачите, додаваат регулатори и порачуваат дека истрагата веројатно ќе трае една година.

Италијанската истрага се надоврзува на истрагитена регулаторите во Јапонија, Франција, Австрија и Европската комисија, со фокус на бизнис праксата на Amazon и другите технолошки гиганти како што се Google, Apple и Facebook.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП