20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Поважно од "перипетиите" околу Брегзит е Европа да продолжи напред

Јункер: Поважно од “перипетиите” околу Брегзит е Европа да продолжи напред

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја повика Европската унија денес да продолжи и да не дозволи Брегзит да ја стопира.

На пленарната седница во Стразбур, последна пред европските избори кои ќе се одржат на крајот на мај, Јункер изјави на европејците да не размислуваат за одложувањето на британскиот излез од Унијата по новиот рок кој е поставен за 31 октомври. “Брегзит не е иднината на ЕУ”, изјави Јункер.

Јункер зборуваше за предизвиците на Унијата во наредните месеци како што е склучувањето на трговски договори, назначување на нови водичи на институции или дебата за буџетот за периодот 2021-2027 година.

“Тоа е поважно од “перипетиите”околу Брегзит. Европа продолжува”, изјави Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП