18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Порано отплатување на кредитите носи економска слобода

Ципрас: Порано отплатување на кредитите носи економска слобода

Раното отплатување на кредитите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е значаен чекор за Грција и ќе создаде поволни услови за економијата, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

“Остваруваме поени за економска слобода”, изјави Ципрас за локалните медиуми.

Ципрас истакна дека Грција оваа година очекува повторно да ги исполни своите фискални цели и дека резултатите ќе бидат презентирани на јавноста. Грчкиот потпарол на Владата Димитрис Цанакопулос претходно изјави дека Атина се надева дека предвреме ќе отплати “значителен дел” од преостанатите 9,6 милијарди евра што и ги должи на ММФ. Каматните стапки на задолжување паднаа на најниско ниво од 2005 година.

Цанакопулос коментарот го даде по состанокот со грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос и директорката на ММФ Кристин Лагард. Грција ќе треба да добие одобрение од Европскиот механизам за стабилност или од кризниот фонд на еврозоната за предвремено отплатување на долговите кон ММФ, но претставниците на Фондот и Европската комисија веќе ја пофалија оваа идеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП