28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Ќе ја обновиме Нотр Дам

Макрон: Ќе ја обновиме Нотр Дам

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата ноќ изјави дека Нотр Дам, кој во голем дел беше уништена во пожарот ќе биде обновена.

– Нотр Дам е нашата историја, нашата литература, дел од нашите мисли, местото на сите наши големи настани, нашите епидемии, војни, ослободувања, епицентарот на нашиот живот, изјави Макрон на новинарите пред катедрала која гореше.

Тој изјави дека знае дека Французите чувствуваат голема тага поради тоа но додаде дека сака да зборува за надежда и објави кампања за нејзина реконструкција. Тој, исто така ги повика “најголемите светски таленти” да помогнат во реконструкцијата на оваа градба, пренесува Reuters.

– Да бидеме горди затоа што ја изградивме оваа катедрала пред 800 години и со векови беше разубавувана. Вечерва само сакам да кажам: ќе ја обновиме заедно, изјави францускиот претседател.

Тој ги пофали напорите на пожарникарите кои се бореле да го угаснат пожарот. Фасадата и структурата на катедралата се сочувани.

“Најлошото е избегнато иако битката сé уште не е целосно добиена”, изјави Макрон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП