27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопругот на Салма Хајек дава 100 милиони евра за обновување на Нотр...

Сопругот на Салма Хајек дава 100 милиони евра за обновување на Нотр Дам

Францускиот милијардер Франсоа Анри Пино изјави дека неговото семејство ќе обезбеди 100 милиони евра помош за поправка на катедралата Нотр Дам, која беше уништена во пожарот.

”Мојот татко и јас решивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам “, изјави Пино, сопругот на холивудската актерка Салма Хајек.

Пино е главниот човек на компанијата Kering, кој е сопственик на познатите брендови како што се Gucci и Yves Saint Laurent и претседател на компанијата која е сопственик на познатaта аукциската куќа Kristi.

Неговата сопруга на нејзиниот профил на Инстаграм напиша дека како и многу други е длабоко шокирана и тажна што може да се види како убавината на Нотр Дам се претвора во чад.

“Те сакам Париз”, напиша Хајек.

По девет часа борба рано утрово околу три часот француските пожарникари го ставија под контрола пожарот во познатата средновековна катедрала Нотр Дам во Париз.

Инаку, Салма Хајек глумеше во филмската адаптација на романот “Звонарот на Богородичната Црква”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП