26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка: Вработените и клиентите се безбедни и во добра состојба, средствата...

НЛБ Банка: Вработените и клиентите се безбедни и во добра состојба, средствата на нашите клиенти се 100% сигурни

Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.

“Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително”, изјавија од НЛБ Банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП