Малопродажните цени на бензините се зголемија за 2,5 и три денари, а дизелот за 1,5 денар, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
За три денари од ноќеска на полноќ се зголеми цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголеми цената на Еуросупер 98 и ќе се продава по 73 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот се зголеми за 1,5 денари и изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 51 денар.
Се зголеми малопродажната цена и на мазутот и изнесува 34,45 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.