5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенот Д: Макрон конечно ќе го претстави својот одговор на "жолтите елеци"

Денот Д: Макрон конечно ќе го претстави својот одговор на “жолтите елеци”

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе претстави серија важни политички публикации како одговор на петмесечниот протест на движењето “Жолти елеци”, објави канцеларијата на францускиот претседател.

Во соопштението се вели дека Макрон ќе одржи говор вечерва во 19 часот, при што ќе ги презентира “првите конкретни мерки”.

– Решивме да го претвориме гневот во решение. За неколку месеци ни кажавте што мислите и ние ве сослушнавме. Ќе ви одговорам вечерва “, напиша Макрон на Твитер.

Денешните обајви се сметаат за момент на одлука кога станува збор за претседателството на Макрон.

Француските медиуми веруваат дека содржината на говорот на Макрон ќе одреди дали францускиот претседател ќе биде повторно реизбран на изборите во 2022 година.

Frans 24 проценува дека задачата за исполнување на многу понекогаш натпреварувачки барања ќе биде тешка за Макрон, кој пред две години беше избран за претседател на Франција на основа на ветувањето за брзо спроведување на промените во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП