28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се зголемила за повеќе од 30 отсто од почетокот...

Цената на нафтата се зголемила за повеќе од 30 отсто од почетокот на годината

Минатата недела цените на нафтата повторно се зголемија на светските пазари. Црното злато сега има најголема вредност оваа година, и сега е на ниво како во ноември 2018 година

Како резултат на зголемувањето на цените е намалување на понудата од Венецуела, Иран и Либија.

На пазарот во Лондон, цените за барел пораснаа за 1,7 отсто на 71,55 долари минатата недела, додека на американскиот пазар барелот пораснаа за 1,3 отсто на 63,89 американски долари.

Од почетокот на годината, цената на нафтата се зголеми за повеќе од 30 отсто и на тој начин достигна највисоко ниво од почетокот на ноември 2018 година, што најмногу благодарение на намаленото производство од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Оваа организација, заедно со државните независни производители на чело со Русија, се придржува до минатогодишниот договор за намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно, што има влијание врз растот на цените.

Цените на нафтата се зголемуваат поради санкциите на САД за нафтениот сектор во Иран и Венецуела, што дополнително го ограничува снабдувањето на пазарите.

Понудата на пазарите, исто така, може да се намали поради конфликтот во Либија помеѓу меѓународно признатата либиска влада и бунтовничките сили.

Шефот на либиската национална нафтена компанија предупреди на крајот од минатата недела дека обновените борби може целосно да го блокираат производството на сурова нафта во таа земја.

Од друга страна, најновите податоци од Кина даваат надеж дека втората најголема економија во светот би можела да се стабилизира по долг период на забавување на растот.

И тоа би можело да ја поддржи побарувачката, имајќи предвид дека Кина е најголемиот потрошувач на суровини во светот.

“Развојот на геополитичката ситуација може да поттикне раст на цената на нафтата, можеби и над 80 долари ова лето”, пишуваат аналитичарите на “RBC Capital Markets”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП