9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПризејмени авионите "Boing 737 Max" до 19 август: Се чека сертификат за...

Призејмени авионите “Boing 737 Max” до 19 август: Се чека сертификат за безбедност за летање

Авиокомпанијата “American Airlines” вчера соопшти дека летовите на “Boing 737 Max” ќе бидат одложени до 19-ти август.

На тој начин, според AP, ќе бидат одложени околу 115 летови дневно на “American Airlines” или 1,5 отсто од летовите за време на летната сезона.

Извршниот директор на компанијата Даг Паркер и претседателот Роберт Исом изјавиле дека веруваат дека Boing 737 MAX ќе добие нов сертификат за безбедност за летањето пред 19 август, но и дека сакаат да имаат максимална сигурност на авионите за време на туристичката сезона.

Авионот од марката “Boing 737 MAX ” беше приземјен низ целиот свет по падот на авионот на “Ethiopian Airlines” во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот. Само пет месеци претходно поради слична причина се сруши и 737 MAX “Lion” при што сите 189 лица загинаа во авионот.

“American Airlines” поседува 24 авиони, а се очекуваат уште 16 авиони 737 MAX оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП