22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Старопрамен“ ќе произведува сокови

„Старопрамен“ ќе произведува сокови

staropramen1

Втората по големина чешка пиварница „Старопрамен“ одлучи, во рамките на борбата против влијанието на кризата и падот на продажбата на пивото, на пазарот да излезе со сокови.

Причината за тоа е се почестиот тренд на Чесите да го практикуваат поздравиот живот и нивното расположени да пробаат нови вкусови.

Улога во ова има и тоа што потрошувачката на класичното пиво во иднина очигледно нема да расте, а тоа мора да се компензира со нови можности на пазарот, изјави генералниот директор Збињек Коварж.

Чесите се уште се на првото место во светот според потрошувачка на пиво по глава на жител, бидејќи тие, вклучувајќи ги и децата и апстинентите, пијат повеќе од 140 литри пиво годишно. Тој износ е во постојан пад, а бројот на класичните пивопијци е се помал.

Пиварниците од 2009 и 2010 се соочуваат со пад на продажбата на пиво од околу 14 проценти. Причина за тоа е економската криза која ги принуди луѓето да штедат и намалениот број на туристи во Чешка, кои во вкупната потрошувачка на пиво во земјата имаа удел од десет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП