Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,310.00 0.63%    BESK 8,730.00 -3%    GRNT 832.42 0.19%    KMB 5,264.58 -0.83%    MPT 52,500.00 0.04%    MTUR 5,249.25 -0.01%    OHB 6,077.33 -1.18%    OKTA 4,295.55 -1.64%    SPAZ 18,000.00 0%    STB 1,142.25 -0.24%    TEL 299.11 -0.3%    TNB 15,965.40 0.95%    

Средби во Вашингтон: Монетарната политика е соодветна, Народната банка склучи нов меморандум за соработка со Европската инвестициска банка

Време: 11:19

Датум: април 14, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На бројните состаноци со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски ги оствари во рамки на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и ММФ во Вашингтон, меѓу другото беше нотирана оценката дека монетарната политика во земјава е соодветна. Притоа беше потенцирано и оствареното монетарно релаксирање, во услови на стабилни движења на девизниот пазар и отсуство на инфлациски притисоци, што претставува испорачување на клучна поддршка од Народната банка за вкупната активност во економијата. „Тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Просечната годишна стапка на инфлација во првите три месеци од годинава е под нивото проектирано од Народната банка. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени годинава.“ − одделно беше нагласено на состаноците.

Делегацијата веќе оствари состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршните директори на ММФ, Ентони де Ланој и Ричард Дорнбош, како и со шефицата на мисијата на ММФ за нашава земја, Џесмин Рахман. Во фокусот на состаноците, меѓу другото, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката на Народната банка потенцираше дека расположливите високофреквентни податоци од почетокот на годинава упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, што соодветствува со очекувањата за постепено забрзување на економскиот раст во наредниот период. Во однос на монетарните движења се осврна на растот на депозитите којшто го надминува проектираниот, како и на нивото на кредитниот раст во текот на минатата и првиот квартал на оваа година. На состаноците се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.

Одделно внимание беше посветено и на техничката помош којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка. Притоа, на состаноците беше искажано големо задоволство од досегашната соработка и од резултатите коишто ги постигна нашата централна банка со поддршка од ММФ. „Постојано следејќи ги најновите европски и меѓународни стандарди и најдобрите практики, ние сме цврсто решени и натаму да унапредуваме повеќе сегменти на нашето работење и тоа е детерминирано и во нашиот Стратегиски план. Во таа насока, за нас ќе биде клучно да добиеме поддршка од ММФ, со цел што побрзо и поефикасно да оствариме дел од реформите коишто ги имаме зацртано.“ – порачува гувернерката Ангеловска-Бежоска, којашто на високите претставници на ММФ им ги елаборираше проектите за кои иницираше идна соработка.

На состанокот со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел и со генералниот директор на ЕИБ за кредитни операции, Жан-Кристоф Лало, меѓу другото беше склучен меморандум за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитна активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).

„Со приклучувањето на нашата централна банка во овој значаен проект на ЕИБ, ние добиваме можност уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност на активното учество во меѓународните иницијативи значајни за потемелното следење на тековите во економијата. На овој начин, како централна банка овозможуваме директна вклученост на повеќе банки од нашиот банкарски систем во Анкетата за кредитна активност на ЕИБ. Со тоа, во рамки на ова анкетно истражување ќе се добие целосна слика за состојбите на нашиот кредитен пазар и за движењата на кредитната побарувачка, а истовремено подобро ќе се согледаат и факторите коишто влијаат врз кредитната побарувачка, како и промените во кредитните услови. Особено важно е што сето ова е во контекст на согледувањата за натамошните економски движења во регионот. Значајно е и што преку овој проект, на полугодишно ниво, ние ќе имаме можност состојбите со кредитната активност кај нас да ги согледаме и компаративно, во рамки на ЦИЈЕ.“ – истакнува гувернерката на Народната банка по потпишувањето на меморандумот.

Ангеловска-Бежоска учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од ЦИЈЕ.

Делегацијата на земјава, во рамки на Средбите во Вашингтон оствари состаноци и со заменик претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалнната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер.

Годинешното издание на Пролетните средби на групацијата на СБ и ММФ завршува денес.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првиот квартал биле потрошени само 6.21% од планираните пари за цела година. За да се оствари проекцијата реализацијата…

  • НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    Советот на Народната банка денес одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година. Притоа беше нагласено дека и во…

  • Светот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

    Светот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

    На земјата во 2018 година исчезнале повеќе од 12 милиони хектари тропски шуми, што е површина колку Никарагва, објавил Институтот за природни ресурси во светот…

  • За Велигденските празници ПОЦ ќе им овозможи бесплатен паркинг на граѓаните

    За Велигденските празници ПОЦ ќе им овозможи бесплатен паркинг на граѓаните

    По повод претстојните Велигденски празници, од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) информираат дека од 26 (петок) до 29 април (понеделник) паркиралиштата со кои…

  • Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

    Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

    Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиника Идадија, Ченто,…

  • До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење

    До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење

    До 30 јуни годинава, „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ повторно нуди можност за бесплатно приклучување на системот за централното греење. Акцијата, како што соопшти компанијата,…

  • Адолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

    Адолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

    ФБИ испитува информации според кои нацистичкиот лидер Адолф Хитлер можеби не умрел на 30 април 1945 година, туку, наводно избегал во Аргентина со подморница. ФБИ…

  • Грета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

    Грета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

    Бидејќи инспирирала илјадници луѓе од целиот свет да протестираат поради климатските промени, шведската тинејџерка Грета Тунберг стана фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир…

  • Тркалезна маса за економската иднина на земјава

    Тркалезна маса за економската иднина на земјава

    Во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД), денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Економските предизвици и ефекти од евроатланските…

  • Сончево со мала до умерена облачност

    Сончево со мала до умерена облачност

    Времето во земјава сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава…