Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека договорот за седумгодишниот буџет од 960 милијарди евра кој треба да стапи на сила наредната година е постигнат.
Баросо оцени дека буџетот е пофлексибилен од претходните верзии, а претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека буџетот е „прифатлив“.
Водечките партии во Европскиот парламент минатата недела изјавија дека нема да го поддржат предлог буџетот. Земјите од ЕУ од минатата есен се обидуваат да се договорат за буџетот за периодот од 2014 година до 2020 година, во време кога повеќето од нив западнаа во рецесија.
Буџетот одредува колку ЕУ може да троши во сите области, од инфраструктурата и земјоделството, до мерките против невработеноста и помошта за развој.