
„Денарот е стабилен! Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акумулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме. Впрочем, ако ги гледаме движењата минатата година, ние имавме значајна акумулација на девизни резерви, а клучен фактор којшто придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите, коишто помогнаа за остварување на акумулацијата.“ – истакна меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка“, во текот на Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

