12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШише Coca Cola од 150 000 долари

Шише Coca Cola од 150 000 долари

Coca-Cola Bottling Company of Atlanta не можеше да се одлучи како треба да изгледа шишето од омилениот газиран пијалок ширум светот…

Поради оваа причина, тие во 1915 година побарале од бројни стакларски куќи да го дизајнираат и да го достават својот предлог. На крајот, Ерл Р. Дин од Root Glass Company победил со својот дизајн. Подоцна, г-дин Рут, сопственик на горенаведената компанија, одлучил да ги усоврши димензиите на ова шише со цел да се вклопи со автоматите. Со неколку дополнителни промени, Американците можеле да уживаат во финалниот дизајн до април 1917 година.

Во текот на седумдесеттите години, голем број шишиња кои поради таа прилика биле исчезнати, откриени се во Бирмингем заедно со бројни оштетени варијанти од 1916 година.

Само две такви шишиња постојат во целиот свет. Дури сега започнува интересниот дел од приказната: едно од тие две шишиња во 2011 година било продадено за неверојатни 240.000 долари! Шишето кое сега може да се купи се проценува на 150.000 долари, но бидејќи ќе биде на аукција со почетна цена од 50.000, може да донесе многу повеќе профит.

Според описот на аукцијата: “Ова е последното шише од ваков вид за кое е познато и кое е совршено зачувано. Напредните колектори сугерирале дека може да биде исклучително ретко и важно”. Експертите веруваат дека ова шише всушност е оригинален прототип, кој му претходел на финалниот дизајн. Ако сакате да го поседувате, бидете брзи, бидејќи имате уште пет дена до крајот на аукцијата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП