3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Трговските конфликти ја загрозуваат кревката светска економија

Лагард: Трговските конфликти ја загрозуваат кревката светска економија

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека во овој момент, со забавување на глобалниот раст и сé поголемите проблеми со долговите на многуте земји, не е време за економско “самоуништување” со трговските војни.

“Клучно е да се избегне погрешната политика, а тоа особено важи за односите со трговијата. Мораме да ги избегнеме раните кои би си ги нанеле на самите себе, како што се царините и другите ограничувања”, изјави Лагард на конференцијата на отворањето на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Според нејзините зборови, главното упатство за политичарите во ова деликатно време треба да биде “не прави штета”.

САД и Кина имаат воведено царини во износ од 350 милијарди долари за стоки и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП