17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската здравствена организација стравува од ширење заразни болести во Либија

Светската здравствена организација стравува од ширење заразни болести во Либија

Светската здравствена организација(СЗО), изјави дека се плаши од ширење на заразни болести во Либија, поради валканите води и голем број на луѓе кои бегаат од борбите.

СЗО додава дека има обезбедила комплети за прва помош и лекови за болниците и другите здравствени институции и дека залихите ќе траат околу две недели, објави Reuters.

За време на борбите во изминатата недела во Либија, 75 лица загинаа, а 323 беа повредени, изјави претставникот на организацијата во таа земја, Саид Џафар Хусеин.

“Досега околу 6.000 луѓе избегаа од борбите, но СЗО има планови за вонредни состојби во случај илјадници или стотици илјади од нив се раселат во акутната фаза на борбите”, изјави Хусеин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП