Во Русија ќе биде формирана банка која ќе обезбедува услуги за во вселената. Указот беше потпишан од шефот на “Роскосмос”, Дмитриј Рогозин.
Кредитната организација ќе биде формирана врз основа на “Фондсервисбанк” и ќе го добие името “Роскосмосбанк”. За функциите на новата банка досега малку се знае: според податоците на изворите на агенцијата, ќе има улога на “ризница за контрола на договорите за работа на компанијата за ракетно-селенската сфера”.
”Фондсервисбанк’ е основана во 1994 година и е специјализирана за сервисирање на воено индустриските комплекси, вклучувајќи го и ,,Роскосмос”. Главниот акционер е компанијата ,,Сојуз”. Во мај 2018 година, Централната банка започнала постапка за санација на “Фондсервисбанк” и повикала”Роскосмос” да биде нејзин инвеститор. Токму ,,Роскосмос” ќе биде главниот акционер на оваа банка.