23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапата Ноќ на вештерките во британската историја

Најскапата Ноќ на вештерките во британската историја

Британската влада повлече цела “армија” од 6.000 државни службеници кои се подготвуваа за Брегзит без договор. Според проценките, на Брегзит работеле вкупно 16.000 службеници, а досегашните трошоци изнесуваат милијарда ипол фунти, објави The Guardian.

Државните службеници кои работат во други земји сега ќе се вратат на своите вообичaени обврски, наведува британскиот весник.

Сепак, не постои јасна улога за 4.500 нови регрути, колку што се проценува дека ги има, откако членот 50 е продолжен до Ноќта на вештерките, наведува The Guardian.

На Брегзит работеле вкупно 16.000 службеници.

Хилари Бен од Лабуристичката партија оценила дека тоа е “скапа цена” за агресивното инсистирање на Тереза ​​Меј за опцијата без договор да ја задржи на маса.

“Важно е да се планира поради било какви непредвидени околности кои може да се случат, но тоа е огромна цена за тоа што премиерката непрекинато говореше – “мојот договор или нема договор”, кога знаела дека излезот без договор не е во национален интерес. Ова е еден од примерите кој покажуваат колку Брегзит е скап за нашата земја “, изјави Бен.

Кабинетот на премиерката во четвртокот донесе одлука за промена на плановите за излез на Британија од ЕУ без договор, се наведува во текстот на британскиот весник.

После речиси три години агонија и исчекување, Брегзит беше повторно одложен и новиот рок е поставен на 31 октомври, баш на Ноќта на вештерките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП