19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Санкциите врз Пјонгјанг остануваат на сила

Трамп: Санкциите врз Пјонгјанг остануваат на сила

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на разговорите со претседателот на Јужна Кореја, Мун Jае Ин, дека ќе ги задржи санкциите против Северна Кореја.

На состанокот во Овалната канцеларија во Вашингтон ја оставил можноста за третиот самит со лидерот на Северна Кореја, Ким Jонг Ун, но не споменал дали двајцата од неодамна разговарале. Трамп им изјави на новинарите по состанокот дека тој и Мун разговарале за “одредени хуманитарни прашања” и можноста за помош со храна во Северна Кореја. Зборувајќи за санкциите врз Пјонгјанг, Трамп истакнал дека Вашингтон секогаш може да ги заоштри, но тој не сака да го стори тоа сега.

Мун истакна дека Самитот на Трамп и Ким во Ханој не го гледа како неуспех, туку како дел од подолг процес со Северна Кореја. Тој изјави дека се согласува со Трамп во однос на крајната цел, целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

“Важната задача што ја имаме сега е да го одржиме дијалогот и да и ги покажеме на меѓународната заедница позитивните изгледи дека во блиска иднина ќе се одржи трет самит на САД и Северна Кореја”, додаде Мун.

Самитот на двајцата лидери во Ханој на крајот од февруари беше прекинат, откако Ким ја отфрли целосната денуклеаркализација бидејќи Трамп одби делумно да ги суспендира санкциите на Пјонгјанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП