19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна самитот на премиерите на 16 земји од Централна и Источна Европа...

Почна самитот на премиерите на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина

На почетокот на Самитот се обрати домаќинот, претседателот на Владата на Хрватска Андреј Пленковиќ. Главна тема на Самитот е да се изградат нови мостови преку отвореност, иновации и партнерство.

Во Дубровник започна 8-от Самит на премиерите на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина.

Ќе биде отворена и изложба за соработка на тема образование на земјите од иницијативата “16 + 1”.

Денес ќе се одржи и 9-тиот Економско-трговски форум, на чие отварањето покрај Пленковиќ, ќе говори и кинескиот премиер Ли Кечианг.

Иницијативата “16 + 1”  беше формирана во 2012 година со цел да се промовира бизнисот и инвестициската соработка помеѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа – Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија.

Оваа иницијатива се смета за составен дел на мегапроектот “Еден појас, еден пат” – современиот пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП