28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиската криза доведе до 3,600 криминални организации

Финансиската криза доведе до 3,600 криминални организации

europol1

Финансиската криза во ЕУ доведе до пораст на криминалот – бројот на криминални организации во Унијата се проценува на околу 3.600.

Шефот на „Европол“ Роб Вејнарт предупредува дека веќе во првите години од економската рецесија бил зголемен прометот на „сивата економија“ речиси двојно – до две милијарди евра.

Некои криминални групации претставуваат транснационални корпорации, бидејќи тие имаат претставници во 60 или повеќе земји, наведува Фајненшл Тајмс.

Сега се фалсификува се – од лекови, производи, па се до делови за авиони, предупреди Бејнарт.

Покрај тоа, процентот од фалсификатите кои претставуваат закана за здравјето во вкупниот обем на фалсификувана роба се зголеми од 14,5 проценти на 28,6 проценти.

Од „Европол“ наведуваат дека опасната фалсификувана роба не се состои само од храна или лекови, туку и од делови за автомобили, авиони и воена опрема.

Ваквата роба, за разлика од онаа оригиналната, може да откаже и да наштети во најлошиот можен момент.

Фалсификуваната роба е само една страна од криминалот. Криминалните организации оперативно одговорија на намерата на водечките европски земји, како Велика Британија и Франција, да се зголемат даноците во име на борбата против кризата.

Раководството на ЕУ, сега посветува внимание на финансиските пристаништа, како што се Луксембург и Швајцарија.

Навистина е тешко да ги убедите нив да престанат да ги кријат клиентите и да ги споделат информациите со Европа или Европската комисија, предупредуваат експертите.

Обемот на сретства кои годишно завршува во ваквите земји, според некои проценки, веќе се приближува на цифрата од десет трилиони долари.

Ситуацијата досега не можеа да ја решат ниту привремените мерки на национално ниво, ниту обидите за построго законодавство во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП