2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на биткоинот падна откако Кина најави можна забрана за ископување на...

Вредноста на биткоинот падна откако Кина најави можна забрана за ископување на криптовалутата

Кинеската национална комисија за развојни реформи, односно главниот планер на економски активности во таа земјата, сака да забрани рударење на криптовалути. Поради оваа одлука, вредноста на биткоинот падна за два проценти.

Иако станува збор за предлог и оваа одлука мора да помине низ јавна дебата, која ќе трае до 7 мај, се чини дека Кина одлучи да стави крај со “опасните” индустрии.

Така, на листата на несакани индустрии се најдоа сите оние кои за својата работа трошат големи количини на ресурси, ја загадуваат животната средина или не се безбедни за населението. Овој предлог е моментално во почетна фаза и за сега претставува само листа на индустрии и активности кои треба да се забранат. Покрај нив се најдоа и неколку области на економската активност чие делување треба да биде ограничено, известува Business Insider.

Во текот на изминатите две години, Кина презеде голем број на акции во форма на ограничувања на пазарот на криптовалути.

Локалните власти, наведуваат дека се загрижени од недостатокот на регулирање на овој пазар како и поради трошењето на електричната енергија за рударење. Во изминатите неколку години, Кина го забрани тргувањето со криптовалути на сите деловни субјекти, финансирање преку иницијална јавна понуда на коини (ICO), а во текот на 2018 година најави дека ќе го забрани и рударењето.

Пред неколку години, Кина поради евтината електрична енергија беше мека за рударите. Во еден момент во оваа земја беа вршени околу 70 проценти од целокупното светско рударење на биткоин и 90 проценти од нивното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП