5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтиопските власти го забранија рекламирањето на алкохолни пијалоци

Етиопските власти го забранија рекламирањето на алкохолни пијалоци

Забраната беше воведена во согласност со кампањата за здрав живот, која започна во источноафричките земји. Властите во Етиопија од средата забранија реклами за алкохолни пијалоци за да го промовираат здравиот начин на живот во таа африканска земја.

Етиопскиот министер за здравство Амир Аман изјави на новинарите дека забраната за алкохолни пијалаци е воведена во согласност со кампањата за здрав живот, која е започната во источноафриканските земји, објави Анадолија.

Претходно беше забрането пушењето

Тој објасни дека рекламирањето на алкохолни пијалаци било забрането за сите медиумски куќи, и дека таквите реклами биле исто така забранети и на банери, постери, опрема од спонзорства и слично.

Во февруари, властите во Етиопија забраниле пушење во близина на јавните институции, здравствените установи и забавни центри.

Забранета е и продажба на алкохолни пијалаци за млади под 21 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП