4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија: Немавме двојна рецесија

Велика Британија: Немавме двојна рецесија

velikab1

Британската економија во првиот квартал од оваа година се зголеми за 0,3 проценти и никогаш не паднала во двојна рецесија како што претходно се мислеше.

Бруто домашниот производ (БДП) на Британија има напредно темпо од 0,3 проценти во периодот од јануари до март, по падот од 0,3 проценти од претходниот квартал, соопштија од британската канцеларија за статистика (ОНС), пренесува агенцијата Франс прес.

ОНС, исто така, објави дека три последователни квартали со негативен раст од крајот на 2011 до почетокот на 2012 година никогаш не се случиле, што значи дека британската економија не западнала во втора рецесија од финанасиската криза.

Меѓутоа, ОНС, исто така, открива дека рецесијата во која Велика Британија се лизна по финансиската криза во 2008 година беше многу полоша отколку што претходно се мислеше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП