20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАргентинска компанија произведе нов кондом - потребни се четири раце за да...

Аргентинска компанија произведе нов кондом – потребни се четири раце за да го отворат

Аргентиска компанија произведе нов кондом кој фокусот го стави на согласноста на двете страни да имаат сексуални односи. Новиот кондом се разликува од другите по тоа што се потребни четири раце за да го отворат.

Тој е дизајниран од рекламната агенција ,,BBDO Argentina for Tulipan”, компанија која продава играчки за возрасни и кондоми.

,,Ако не е ДА, тогаш е НЕ” и ,,Без согласност нема задоволство”, се порачува во промотивното видео, заедно со хаштагот #PlacerConsentido или ,,дозволено задоволство”. Мотото на кампањата е дека ,,согласноста е најважната работа во сексот”.

Кондомот е спакуван на тој начин што е неопходно четири раце – или двајца луѓе – да се согласат да го отворат, со стискање на четири копчиња на врвот и на страни на кутијата во исто време.

Извршните креативни директори на ББДО Аргентина, Хоакин Кампинс и Кристијан Росли, во изјавата за Си-ен-ен велат: ,,Тулипан секогаш зборуваше за безбедно задоволство, но за оваа кампања сфативме дека мораме да зборуваме за најважната работа во секој сексуален однос: задоволството е можно, само ако и двајцата се согласни на тоа”.

Кондомот е пуштен во ограничено издание и засега им се дели на учесници на настани во Буенос Аирес. Но, Тулипан планира да го продава онлајн во иднина. Ваквата кампања следи по истражувањето спроведено на на 30.000 луѓе од страна на АХФ Аргентина, којашто спроведува кампањи за третман и услуги на ХИВ, а којашто откри дека 20,5% од аргентинските мажи никогаш не користат заштита, 65% повремено користат кондоми и само 14,5% редовно ги користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП