20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХан: Целта е интеграција на Западниот Балкан

Хан: Целта е интеграција на Западниот Балкан

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска изјави дека Вашингтон и Брисел веруваат дека сите земји од Западен Балкан треба да се приклучат кон Европската унија.

“Ние, од двете страни на Атлантикот, имаме заедничка цел, а тоа е да го стабилизираме тој регионот и да ги воведеме сите шест земји од Западен Балкан во Унијата под дефинирани услови. Ова е во наш геополитички интерес “, изјави Хан за време на состанокот на Атлантскиот совет во Вашингтон, објави порталот EWB.

Тој предупреди дека ова е прашање на кредибилитет на ЕУ.

“Мораме да бидеме многу цврсти но и искрени и да ги признаеме заслугите кога тоа треба да го направиме. Ја губиме предноста ако не ги исполниме обврските”, изјави Хан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП