2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Да им дадеме шанса на младите без работа

Меркел: Да им дадеме шанса на младите без работа

merkel2

Германската канцеларка Ангела Меркел порача во Бундестагот на младите Европејци кои се без работа да им се даде „шанса за иднината“.

Меркел изјави дека задачата на европските официјални лица е да им помогнат на младите лица да се вработат.

„Невработеноста, особено меѓу младите, ни задава многу грижи. Треба да им дадеме шанса за иднината, тоа им го должиме, особено поради тоа што тие не се одговорни за сите недостатоци во последните години во областа на економијата и финансиите“, изјави Меркел.

Меркел потенцираше дека Германија и другите земји, како Австрија, Данска и Холандија, можат да го споделат повеќегодишното искуство со вработувањето на младите лица со останатите земји членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП