4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражувањето покажа - една третина од Европејците воопшто не јадат овошје

Истражувањето покажа – една третина од Европејците воопшто не јадат овошје

Само една четвртина од европската популација консумираат овошје двапати дневно, додека една третина од населението воопшто не јаде овошје.

Ова го покажува истражувањето на потрошувачка на овошје и зеленчук на Канцеларијата за статистика на Европската унија “Еуростат”.

Романија и Унгарија се на дното на листата со дневен внес на зеленчук, додека на врвот на листата се Ирска и Белгија, каде што дури 84 проценти од населението секојдневно консумираат зеленчук.

Италија, според проценките, има речиси ист резултат како прворангираната Ирска и Белгија. Италија и Шпанија се на врвот на листата по конзумирање на овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП