24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадна договор меѓу Тереза Меј и ЕУ лидерите: Се одложува Брегзит

Падна договор меѓу Тереза Меј и ЕУ лидерите: Се одложува Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј и 27-те европски лидери се договориле да го одложат Брегзит до 31 октомври, изјави Доналд Туск претседателот на Европскиот совет.

Во Брисел минатата ноќ на неформалниот самит на лидерите на ЕУ беше одлучено за ново одложување за излез на Велика Британија од членството во Унијата.

“Ова значи уште шест месеци за Велика Британија да го пронајде најдоброто можно решение”, изјави Туск.

По тој состанок, британската премиерка изјави дека Велика Британија и натаму ќе може да ја напушти Европската унија на 22-ри мај, и покрај крајниот рок за Брегзит.

“Ако сега успееме да постигнеме договор, сé уште можеме да излеземе на 22-ри мај”, изјави Меј на конференцијата за новинари во Брисел, по вонредниот самит на лидерите на ЕУ на кои е одлучено за ново одложување на Велика Британија од членството.

Договорот би требало да биде прифатен од британските пратеници кои досега го отфрлија, како и сите алтернативи кои им беа предложени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП